-->
-->
Во Велес првото бебе во 2016 е женско
-->

Во ЈЗУ Општа болница на акушерското одделение во Велес утрово во 8,16 часот се роди првото бебе во Новата 2016 година. Тоа е женско, од мајка 28-годишната Фетие и татко Кадри Кадриови од велешкото село Горно Јаболчиште, а на кои им е второ дете.
Првороденото бебе на кое родителите му дале име Исра е родено природно, тешко е 3 кг и 150 грама и долго 50 сантиметри.
Денеска мајката и бебето ги посети градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, кој од името на Општината му подари на бебето штедна книшка од 12 илјади денари, а од неговото семејство Чадиеви, подароци за мајката и бебето.
И второто бебе кое се роди денеска во велешката болница е женско, од мајката Џеврие Ахмедова на која ова и е трето дете. Бебето се родило со тежина од 3 килограми 350 грама и должина од 50 сантиметри.
Инаку во велешката болница лани се родиле 815 бебиња, што е за 76 повеќе од претходната 2014 година кога се родиле739 бебиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
