-->
-->
Во Велес почнаа 48. Детски Рацинови средби
-->

Со положување свежо цвеќе на двата споменика на Кочо Рацин, денеска во Велес почнаа 48. Детски Рацинови средби. Во салата „Бели Мугри“ која го носи името на неговата најпозната стихозбирка, манифестацијата ја отвори градоначалникот Славчо Чадиев.
Чадиев потсети на важноста на средбите кои во сите изминати 48 години беа многу значајни за презентација и популаризација на пишаниот литературен македонски јазик меѓу младите и нивно запознавање со творештвото на познати писатели за деца и пред се со творештвото на Кочо Рацин на кого се и посветени, но значајни се и за поттикнување на пишување проза и поезија кај младите.
- Детските Рацинови средби ја остваруваат истата цел - го негуваат делото на Коста Солев Рацин и го презентираат пред светот. Тука е мисионерската улога на средбите, во пренесување на големината и значењето на Рацин на младите генерации, на нашата иднина, на оние кои ќе продолжат да ги негуваат традицијата, јазикот и културата, потенцира Чадиев.
На традиционалниот распишан конкурс за основците и средношколците на тема „Мојата земја“ во конкуренција на 200 пристигнати литературни творби од целата земја, Гран При наградата ја освои Јасна Илиева седмоодделенка од училиштето во село Лозово.
Доделени беа и наградите по распишаниот ликовен конкурс за основците и средношколците.
Детските Рацинови средби продолжуваат утре со традиционалниот Поетски караван низ велешките основни и средни училишта на кој ќе учествуваат повеќе познати македонски писатели за деца и млади.
Манифестацијата ја организира Општина Велес
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
