Во Велес отворена 45 изложба на Ангел Петров по повод 60 години творештво

Во Ликовниот салон во Велес синоќа е отворена 45. самостојна изложба на академскиот сликар Ангел Петров со која се одбележуваат 60 години од неговото творештво.
На изложбата се претставени 101 слика, дел од неговиот богат шестдецениски опус кој содржи пет ликовни фази: пејсажи, акти, коњи, портрети и велешка архитектура во повеќе техники: масло на платно, пастел, акварел, туш, акрил и комбинирани техники.
- Во моето творештво ја барам светлината оти тоа е животот. Моите слики се со топли пријатни тонови. Музиката која многу ја сакам многу ми помага при моето творење, слушам и сликам. Сликите не се гледаат еднаш, туку повеќепати бидејќи уметноста е горда и таинствена и треба да и посветиш многу време и постудиозно да работиш на неа, за полека да ти се откријат нејзините тајни. Ако сакаш наеднаш да поминеш низ неа, ништо не си видел, вели Петров.
Освен овие 45 самостојни во земјава и странство, учествувал и во повеќе од 200 групни изложби.
Петров информира дека има создадено околу 5.000 слики, некои со многу голем ѕиден формат, масло на платно, како што се портретите на Кочо Рацин, Гоце Делчев, но и многу помали како на Моцарт, пејсажи и стара велешка архитектура. Се наоѓаат и во јавните институции во Велес и во многу приватни колекции.
Ангел Петров е роден на 22 август 1933 година во Велес. Во 1954 година го завршил Средното уметничко училиште во Скопје, во класата на познатиот сликар Лазар Личеноски. Во 1962 година завршил на Академијата за применета уметност во Белград во класата на Винко Грдан. Од 1963 до 1993 година до пензионирањето работи како професор по ликовно воспитание во велешката Гимназија „Кочо Рацин“.
Изложбата и каталогот на Петров се финансиски подржани од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
