Во Велес одбележан Светскиот ден на детето

На децата треба да им го обезбедиме најдоброто, да им овозможиме услови за учење, да се развиваат и да го реализираат својот најдобар потенцијал, изјави денеска во Велес претставникот на УНИЦЕФ во земјава, Бенџамин Перкс, на одбележувањето на манифестација по повод Светскиот Ден на детето и 28 години од Конвенцијата за правата на детето.
- Ќе се залагаме и за сериозни реформи во образовниот систем, да се намали стапката на смртност кај бебињата, да се посвети поголемо внимание на децата од предучилишна возраст бидејќи Македонија од земјите во регионот има најмалку деца кои посетуваат градинки, а треба да се подобри и основното и средно образование, потенцира Перкс.
На свеченоста во ООУ„Васил Главинов“ во Велес, покрај Перкс, присуствуваа и државниот секретар во Министерството за образование и наука Сафет Незири и градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски.
Учениците им посакаа добредојде со исполнување на „Одата на радоста“ на оркестарот на фрули и флејта, потоа со ликовна работилница „Сите деца на светот“ како и со театарската претстава „Роденден“. На истата ги презентираа одредбите од Конвенцијата за правата на детето, а по повод 28 роденден на Конвенцијата која се состои од 54 члена поставени за почитување на личноста на детето.
Како што изјави директорката на училиштето Лилјана Николовска, на овој ден улогите во училиштето се сменети, односно учениците го преземаат раководењето со училиштето. Ученичката Лилјана Ристова, како што кажа, денеска е поставена за директор на училиштето и ќе раководи со него.
Малата Лилјана Ристова изјави дека денеска ќе има многу обврски како директорка и сериозно ќе пристапи навреме да ги заврши и оти има мала трема.
Како што појасни Николовска, на овој ден од годишнината на Конвенцијата, децата од целиот свет организираат преземање на училиштата за да го кренат гласот во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.
Таа рече и дека во нивното училиште во редовна настава се вклучени и деца со посебни потреби.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски, рече дека децата иако се наша иднина, и сегашност, состојбите се многу неповолни особено во прифаќањето и згрижувањето на децата во детските градинки
- Општина Велес затоа во наредниот период многу ќе работи за подобрување на условите на децата во градинките. Треба да се зголеми за 40 проценти бројот на децата кои престојуваат во градинките бидејќи истражувањата покажале дека децата кои престојваат во такви установи имаат подобар развој, потенцира Коцевски.
Коцевски информира дека голем број од празните простории во некои од основните училишта и поранешното училиште „Трајко Андреев“ ќе бидат преуредени во простории за престој на деца од предучилишна возраст.
Ново на Сител
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
