-->
-->
Во Велес легализирани 5.350 дивоградби
-->

Oд донесувањето на Законот за легализација на дивоиградените објекти, до општина Велес поднесени се вкупно 9.477 барања за легализација. Од нив 7.864 се барања поднесени во првиот рок за легализација, а останатите 1.613 се во вториот рок кој истече на 31 март 2016 година. Досега се легализирани вкупно 5.350 дивоизградени објекти, информира на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев.
- Тоа практично значи дека во Велес имаме 5.350 објекти кои не се дивоградби и нивните сопственици сега имаат законско право на користење на личниот имот. Тоа значи дека дека 56,45 проценти од барањата за легализација се веќе завршени, истакна Чадиев.
Воедно појасни дека причината поради која голем дел од барања не се целосно завршени е затоа што се чекаат елаборати, а во одреден број случаи недостигало мислење од надлежен орган, пресметки, некомплетна документација...
- Сакам да апелирам до граѓаните кои поднеле барање за легализација во вториот рок, дека имаат временска рамка до крајот на годинава да приложат елаборат. Токму недостигот на елаборати најмногу го кочи процесот на легализација, појасни Чадиев.
Според него, легализацијата на дивоизградените објекти во градот е процес на кој општина Велес му придава големо значење. Со оваа можност, рече, многу граѓани и семејства за 1 евро по метар квадратен можат да ги легализираат нивните објекти за семејно домување кои кои од различни причини биле изградени без потребна документација.
Информира и дека по завршувањето на легализацијата ќе се пристапи кон втората фаза, а тоа е внесување во деталните урбанистички планови на сите бесправно изградени, а сега веќе легализирани објекти.
- Само така ќе имаме и вистинска слика за состојбата со инфраструктурата и за потребата од нејзино проширување, потенцира Чадиев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пилана од Делчево нелегално сечела дрва, запленети 19 метри кубни дрва | ФОТО
-

Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
