Во Велес и велешко во училиштата генерално се штрајкува

Во велешките основни и средни училишта генерално се штрајкува, а во некои само се врши прием на учениците, посебно на првооделенци и оние во прва година средно, како и од повисоките одделенија и години во средно, но настава не се изведува.
Наставата денеска започна само во училиштата во велешките села Клуковец и Сливник, кои се со албански наставен јазик.
Верица Тодоровска, од службата за образование при Општина Велес информира за МИА дека, редовната настава во сите основни и средни училишта започнува утре, кога во училишните клупи треба да седнат 4.908 основци во Велес и велешко меѓу кои и 436 те првачиња и 2077 средношколци.
– Велешките основни средни училишта се комплетно подготвени за започнување на утрешната редовна наставата, информира Тодоровска.
Ново на Сител
-

Девојче со часови не одговарало на телефон и врата, пожарникари влегле преку тераса - ја пронашле во длабок сон
-

Трамп: Се надевам на крај на војната со Иран
-

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3
-

Американската армија треба да е подготвена за борба околу Месечината, изјави главниот воен советник на Трамп
-

САД усвои закон за нови санкции и царини против Русија
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
