Во Велес и велешко искоренета болеста бруцелоза кај луѓето

Во Велес и велешко во текот на изминатата 2015 година според ЈЗУ Центар за јавно здравје биле регистрирани само тројца од кои една жена заболена од болеста бруцелоза, соопшти епидемиологот д-р Билјана Трајкова.
- Еден од случаите на заболени е рецидив што значи дека болеста ја имал пред десетина години и сега таа повторно се појавила, што за жал е случај кај оваа болест. Воедно со тоа што бројот на заболени е сведен на минимум, и може да заклучиме дека болеста во овој велешки регион е целосно искоренета, потенцира епидемиологот д-р Трајкова.
Таа појаснува дека ваквата поволна состојба се должи и на тоа што сточарите во велешкиот поширок регион целосно ја имаат вакцинирано стоката овци и кози, а со тоа е спречено ширењето на болеста.
Само до пред десетина години имавме и по 60, па, и повеќе заболени од бруцелоза, потсети д-р Трајкова.
Ново на Сител
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
