Во Велес бадникова поворка во чест на Христовото раѓање Божик

Епархијата Повардарска во Велес во недела организира Бадникова поворка, која ќе почне во 11,30 часот за ќе се движи од градската црква „Св. Кирил и Методиј“, по главната градска улица „Благој Ѓорев“ до Трговскиот центар и кружно до ЕВН и назад во црквата.
Никола Цилаков од Епархијата Повардарска информира дека на поворката, што годинава се одржува третпат, можат да се приклучат сите заинтересирани деца, како и повозрасните граѓани.
На Бадниковата поворка во недела во 8 часот во црквата „Св. Кирил и Метидиј“ ќе и претходи Архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува митрополитот повардарски, Агатангел. Потоа децата собрани во група носејќи макета на Исусовото раѓање ќе тргнат од црквата пееќи ја традиционалната божикна песна „Вечниот Бог“
-Тие деновиве во црквата имаа неколку проби за добро да ја научата песната што треба да ја пеат. Целта на оваа веќе традиционална Бадникова поворка, а во пресрет на големиот празник посветен на Христовото раѓање-Божиќ е најмладите да внесат среќа и радост да го направа претстојниот празник уште попријатен за сите православни верници во градот, повика Цилаков.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
