Во Велес 25 деца примија МРП вакцина

Медицински екипи на ЈЗУ Здравствен дом од Велес во рамки на традиционалната Недела за имунизација досега вакцинираа 25 деца со МРП вакцина, пет деца со ХПВ вакцина и 35 со вакцина против тетанус.
Тие денеска како и изминатите години во рамките на оваа традиционална Недела за имунизација, изведоа акција на терен со која беа опфатени деца Роми во велешката Населба Рамина, а каде со МРП, како и петвалентна и шествалента вакцина вакцинираа три претшколски и едно школско дете.
Доктор Пандели Божиков од Превентивната служба за претшколски и школски деца, што ја спроведува имунизацијата, истакна дека тие со вакцинација на терен ќе продолжат и во наредните денови во градот и во селата.
Појасни дека во нивните две служби во Школскиот и Детскиот дизпанзер при ЈЗУ Здравствен дом Велес секојдневно се одвива и редовната имунизацијата на деца, а согласно календарот за имунизација.
-Забележливо е што со прогласување на епидемијата на морбили, деновиве се зголеми бројот на родители кои доаѓаат во нашиот Здравствен дом, за да го проверат во вакциналниот картон на своите деца. Воедно нашата Служба за вакцинација од вчера секој понеделник и четврток, а се додека трае епидемијата на морбили ќе работи по две смени до 20 часот, рече д-р Божиков.
Додаде дека во поширокиот велешки регион вакцинацијата на деца е реализирана со најголем процент во земјава, а опфатеноста на децата во вакцинација е од 95 до 98 проценти.
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
