Свет
9. December 2018 - 9:04

Во вчерашните протести во Франција повредени 135 лица, 1.385 се уапсени

Француската полиција на вчерашните протести уапсила 1.385 лица во целата земја, а 985 од нив се задржани на распит, соопшти министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер.

Во цела Франција протестирале вкупно 125.000 лица, од кои 10.000 во Париз. Кастанер соопшти дека 118 демонстранти биле повредени, но и 17 припадници на полицијата.

– Беше запрена ескалација на насилството. Сепак, насилството останува на ниво кое е недозволиво, истакна министерот.