Во вчерашните две големи сообраќајни несреќи во Турција загинаа најмалку 32 лица
Во текот на вчерашниот ден во Турција се случија две големи двојни сообраќајни несреќи, во кои загинаа најмалку 32 лица, а околу 50 луѓе се повредени.
Камион, на кој му откажале сопирачките, „влетал“ во толпата во Мардин, откако се судрил со две возила. Потоа, друг камион влета во толпата и повредените. Официјално беше објавено дека загинале 16 лица, а 29 се повредени, од кои осум потешко, јави Анадолија.
Несреќата се случила во близина на бензинска пумпа во населбата Дерик откако му откажале сопирачките на камионот. Возачот удрил во две возила пред него, а потоа влетал во толпата и се превртел. Полицијата и итната помош излегоа на самото место да им помогнат на повредените, а се собраа голем број луѓе. Во тој момент друг камион влетал во толпата и потоа удрил во кафулето.
Претходно, во друга двојна сообраќајна несреќа, на автопатот меѓу Газиантеп и Низип, 16 лица загинаа во судир на автобус, возило на спасувачката служба и возило на брзата помош.
И во овој случај имало две поврзани сообраќајни незгоди, односно автобусот налетал на претходната несреќа каде што биле спасувачите и новинарите.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора