-->
-->
Во Валона запленети 932 кг марихуана
-->
Албанската полиција,во приморскиот град Валона запаленила 932 клограми мархуана, чија крајна дестинација требало да биде италјанскиот нарко-пазар.
Дрогата била пакувана во 46 пакети, натоварени во комби возило марка „мерцедес“ со албански регистраски таблички, кое било паркирано, а требало да го продолжи патот со траект.
Полицијата трага по сопственикот на возилото.
Деновиве, во две одделени акции италијанската полиција заплени четири тони мархуана прошверцувана од Албанија, 2,2 тона во реонот на Пуља и 1,8 тони, кај Бари.
Според полицијата, доколку завршела на нарко-пазарот, дрогата би достигнала вредност од над 30 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ