Во услови на зголемена загаденост двојно поскапи цени за паркинг во Скопје
Двојно поскапи цени за паркинг во Скопје во услови на зголемена загаденост. Онаму каде што сегашната цена изнесува 35 ќе се плаќа 70 денари, зоните каде што се наплаќа 45 денари паркирањето ќе поскапи на 90 денари, а најскап ќе биде паркингот на Водно и на улицата Максим Горки каде паркирањето наместо 100 ќе изнесува дури 200 денари за еден час. Ваква одлука донесоа советниците во Град Скопје на предлог на градоначалнникот Петре Шилегов. Одлуката за поскап паркинг ќе се воведува кога два дена по ред штетните честички во воздухот ќе бидат над 200 микрограми на кубен метар.
Исто така вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ отсега за месечна карта за паркирање на паркингот во кругот на болниците ќе плаќаат 800 денари. Досега тие имаа повластена цена за паркирање од 300 денари.
Зошто тие од Клинички да плаќаат 300 денари за месечен билет, а сите останати правни лица по 800 денари. За вработените во болниците ЈП ”Градски паркинг” има издадено 1.500 месечни билети, а има само 670 паркинг места. По цели денови возила стојат паркирани, а болни луѓе умираат на паркинг бидејќи нема каде да се паркираат, вели Шилегов.
Ново на Сител
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда