Во Урошевац уапсени двајца косовски Албанци осомничени дека шпионирале во корист на Србија
Косовската полиција денеска во градот Урошевац уапсила две лица за кои, според оперативните сознанија на Косовската агенција за разузнавање (АКИ), постои сомневање дека вршеле шпионажа во корист на Србија, објавија неколку косовски медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, медиумите наведуваат дека станува збор за косовски Албанци кои соработувале со Безбедносно-информативната агенција на Србија – БИА.
Извори од косовската полиција изјавија за медиумите дека уапсените работеле за структури на српската разузнавачка служба внатре во Косово.
Повеќето медиуми ги објавуваат иницијалите на уапсените – Б.Ш. и М.К., додека порталот „Папараци“, го открива и нивниот идентитет и наведува дека се работи за лицата Бедри Шабани и Мухарем Ќерими.
Акцијата водена од Управата за тешки злосторства при косовската полиција продолжува со претреси во имотите на осомничените, наведуваат медиумите.
Порталот „Газета експрес“ тврди дека едниот од упасените (не наведувајќи кој од двајцата) бил царински службеник во периодот 1990-99 година, додека по војната продолжил да ја врши функцијата цариник во времето на администрацијата на Мисијата на Обединетите нации во Косово, УНМИК.
Од полицијата сé уште нема официјална потврда на акцијата и апсењето.
Ново на Сител
-
Со голема парада Трамп ја славеше американската армија и својот роденден
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна