Во Уметничката Галерија, изложба на дела од ликовната колонија „Куманово“
НУ Музеј Куманово, е организатор на колонијата која се реализира со поддршка Министерството за култура и градоначалникот и Советот на Општина Куманово.
Изложбата е традиционална и неколку децении континуирано ги презентира делата создадени во прекрасниот амбиент на Меморијалниот комплекс на АСНОМ, каде секоја година се одржува ликовната колонија Куманово. Колонијата опстојува веќе пет децении од 1974 година со што се потврдува долгогодишната истрајност и ентузијазмот во опстојувањето на ликовната колонија „Куманово“, која се вбројува во редот на најстарите колонии во Македонија.
На годинешнава колонија учествуваа ликовни уметници од Франција, Романија, Србија Бугарија, Турција и Македонија.
Изложбата за сите љубители на уметноста ќе биде отворена до 20 јуни 2018 година.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино