Во турски воздушен напад во северен Ирак погинале 23 Курди
– Во турски воздушен напад во северен Ирак, на 140 километри од границата, загинале 23 припадници на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Британските медиуми пренесуваат дека Турција редовно изведува задгранични воздушни напади во соседен Ирак, често пати со вооружени беспилотни летала, како дел од нејзината офанзива против милитантите на ПКК.
Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, пред три дена изјави дека војската изминатата недела во регионот Асос, што се наоѓа длабоко на ирачка територија, во своите воздушни напади погодила 16 цели.
ПКК во 1984 година почна бунт против турската држава, а во судирите што следеа беа убиени повеќе од 40.000 лица. Турција, САД и ЕУ ја сметаат ПКК за терористичка организација.
Ново на Сител
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО
-
Фискалниот совет предлага зголемување на старосната година за пензионирање на 67 години
-
Сообраќајот во зимски услови, на Ѓавато магла со видливост од 200 метри
-
До крајот на денов променливо облачно со сончеви периоди, од среда дожд
-
Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска поднесе неотповиклива оставка