Во Турција запленети приближно 11 милиони таблети каптагон
Турската полиција во две одделни акции изминативе денови заплени речиси 11 милиони таблети каптагон, стимулативна дрога и извор на средства во Сирија, објавија денеска турските медиуми.
Во две одделни полициски акции во покраината Хатај, на границата со Сирија запленети се 10,9 милиони таблети каптагон. Во првата акција во средата биле откриени 7,2 милиони таблети Каптагон во 1.300 филтри за масло за мотори. Еден ден подоцна останатото количество каптагон било откриено во еден магацин. Во полициските акции приведени се двајца Турци и еден Сиријец.
Дрогата била произведена во Сирија и била наменет за земјите од Персискиот Залив.
Катагонот е дрога на база на амфетамин, кој се користат како стимуланс од џихадистите во Сирија. Тоа е најпопуларната дрога на Блискиот Исток. Тргувањето со каптагон претставува важен извор на средства за некои групи кои се борат во Сирија.
Либанските власти минатиот месец на аеродромот во Бејрут уапсија еден саудиски принц, кој се обидел да пренесе во Ријад речиси два тона таблети каптагон.
Катагонот е психостимуланс кој содржи амфетамин и кофеин и е иделана дрога за потиккнување на агресивноста и отстранување на стравот и болката. Тоа е најраспространета дрога меѓу борците на Исламска држава.
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната