Балкан
30. September 2016 - 13:24

Во Турција отпуштени 1.500 затворски чувари и персонал

 Турските власти отпуштија 1.500 затворски чувари и други членови на затворскиот персонал поради сомнение за поврзаност со исламскиот прооведник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а кого Турција го обвинува за обидот за воен превртат, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг. 

Говорејќи на собирот во Анкара, Боздаг изјави дека работниците привремено се отпуштени со цел индивидуално да се одвојат личностите, кои се поврзани со Ѓулен.

Тој додаде дека доколку се докаже поврзаност вработените ќе бидат трајно отпуштени.