Во Турција ќе се одржи нова рунда руско-украински преговори

Делегациите на Русија и на Украина ќе одржат нова рунда разговори во живо во Турција од денеска до среда, најави еден од украинските преговарачи Давид Арахамија.
Рускиот главен преговарач Владимир Медински, исто така, најави одржување нова рунда преговори, но најави дека тоа ќе биде утре и в среда, без да го прецизира местото.
– На преговорите преку видеоконференциска врска е одлучено следната рунда да се одржи во Турција од 28 до 30 март, објави Арахамија на Фејсбук.
На 10 март во Анталија, Турција, на ниво на министри за надворешни работи, на предлог на Анкара, веќе се одржа еден круг руско-украински разговори во живо, но не донесе конкретен напредок.
Оттогаш, преговорите се водат преку видео-конференциска врска и двете страни ги опишаа како „тешки”.
– Процесот на преговори е многу тежок. Украинската делегација зазеде цврст став и не се откажува од своите барања. Пред сè, ние инсистираме на прекин на огнот, безбедносни гаранции и територијален интегритет на Украина, изјави во петокот украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Тој негираше дека е постигнат „консензус” со Москва, спротивно на изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека делегациите на двете земји одговориле на четири од шест точки.
Главниот преговарач на Москва истакна дека преговорите се во застој поради клучните точки.
– Позициите се приближуваат во споредните точки. Но, ние сме во застој околу главните политички прашања, додаде Медински.
Тој изјави дека Москва инсистира на потпишување „сеопфатен договор” кој ќе ги земе предвид барањата за неутралност, демилитаризација и „денацификација” на Украина, како и признавање на рускиот суверенитет над Крим и независност на двете проруски сепаратистички области Доњецк и Луганск.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
