Балкан
12. March 2016 - 18:44

Во Турција досега родени 127.753 бебиња на сириски бегалци

Во Турција досега се родени 127.752 бебиња на сириски бегалци, информира агенцијата Анадолија.

Сиријците, кои во Турција почнаа да пристигнуваат од 2011 година, од турското Министерство за здравство добиваат медицинска помош. Од април 2011 година до јануари 2016 година сириските бегалци добиле над 15 милиони поликлинички услуги, посочува агенцијата.

Турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган пред два дена изјави дека во неговата земја има 2. 733. 784 сириски бегалци.