Во Турција 894 новинари отпуштени од почетокот на годината
Вкупно 894 новинари се отпуштени од работа од почетокот на годината, се наведува во извештајот на британско-турската програма Медиуми за слободата, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Во извештајот, објавен на прес-конференција за време на викендот, е посочено дека најмалку 160 новинари биле отпуштени во април, пренесува БТА.
Во текстот се нагласува дека вкупно 104.904 сајтови биле блокирани изминатите месеци. По парламентарните избори на 7 јуни, 37 пати бил блокиран пристапот до сајтот на прокурдската агенција Диџле. Тринаесет од новинарите, кои работеле за агенцијата во моментов се зад решетки.
Од почетокот на годината се зголемиле и случаите на насилство врз новинари. Има информации за вкупно 200 напади врз новинари и 21 напад врз медиуми.
Над 30 новинари биле приведени во првите четири месеци од годинава, се додава во извештајот на Медиумите за слободата.
Ново на Сител
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното