Во транзитниот центар во Гевгелија заврши вакцинирањето против ПОЛИО за 138 мигранти
Во привремениот транзитен центар Гевгелија попладнево заврши вакцинирањето против ПОЛИО со кое беа опфатени 138 мигранти кои се сместени во кампот,соопштија од епидемиолошката служба на регионалниот центар за Јавно здравје која покрај вакцинирањето направи и редовен увид на здравствената состојба.
- Вчера и денеска успеавме да ја извршиме вакцинацијата на сите мигранти кои се затекнати во гевгелискиот камп.Вакциниравме вкупно 134 мигранти, а вакцината не ја примија две деца поради возраст помала од два месеци и две жени поради бременост, посочија од епидемиолошката служба.
При извршениот увид епидемиолзите констатираа дека хигиената во ПТЦ Гевгелија е на задоволително ниво и редовно се одржува, дека се врши редовна дезинфекција на сите објекти и дека во кампот не се пријавени заразни заболувања.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера