Во Тирана загрижувачка појавата меѓу младите кои консумираат азотен оксид во балон
Користењето азотен оксид од балон станува загрижувачка појава меѓу младите во Тирана, јави Топ чанел.
Поради тоа многу набрзо опасните балони со азотен оксид, кои слободно се продаваат по кафулиња и ресторани во Тирана ќе бидат забранети со закон.
Ова го најави министерот за внатрешни работи Таулант Бала, додавајќи дека станува збор за недозволиво средство и оти ќе биде под контрола на државата до донесувањето на законот со кој ќе се смета за дрога.
Алармот го вклучи доктор Адриан Фанди, според кого ова средство содржи две хемиски супстанци во форма на гас кои предизвикуваат мозочни и невролошки проблеми, кои може да доведат до несакани последици.
Телевизијата пренесува видео од ТикТок каде тинејџерки консумираат азотен оксид од балон, при што едната од нив губи свест и паѓа.
Полицијата попладнево, како што објави Бала уапсила 21- годишник, кој преку ТикТок рекламирал и продавал балони со азотен оксид.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани