Во Тирана уапсен руски државјанин учесник во ИД, пристигнал како имигрант

Припадниците на Управата за борба против тероризмот во албанската полиција, во Тирана, уапсија 34-годишен руски државјанин, баран со меѓународна потерница поради „учество во терористичка организација“.
-Неговото апсење следуваше по неколку месечна работа во соработка со партнерски агенции на други земји. Уапсеното лице е Р.М. роден и жител на Норилск, Русија. Рускиот државјанин во Албанија пристигнал како илегален имигрант. Меѓународна потерница по него беше распишана од Интерпол-Москва, по барање на судот во Надтеречни, Чеченија (Русија), за кривичното дело „учество во терористичка организација“,стои во полициското соопштение.
Уапсениот Р.М. во јуни 2013 година, ја напуштил Русија и заминал за Сирија, каде што се приклучил на терористичката исламска држава (ИД), како активен учесник во борбата против владините сили во Сирија.
Првичните истражни материјали за овој случај се предадени во Обвинителството на Основниот суд за тешки кривични дела во Тирана за кривично дело „учество во вооружен активноси во странска држава“. Лицето Р.М. ќе биде екстрадирано.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
