-->
-->
Во Тирана уапсен државјанин на Јужна Кореја за измама од 28 милиони евра преку меѓународни пирамидални шеми
-->

Шеесет и едногодишен маж од Јужна Кореја, меѓународно баран за измама со големи финансиски вредности, е уапсен денеска во близина на меѓународниот аеродром во Тирана.
Стефан Моргенштерн, обвинет за создавање пирамидални шеми на меѓународно ниво, во близина на аеродромот ја чекал сопругата која доаѓала во Тирана од Дубаи.
Тој е обвинет дека заедно со други лица преку пирамидални шеми проневерил 28 милиони евра, стои во полициското соопштение.
Според полицијата во периодот од 27 март 2016 до 7 ноември 2020 година биле измамени 2. 156 лица, со вкупна парична загуба од 40. 703. 930. 904 KRW (јужнокорејска валута) или околу 28 милиони евра.
Не е познато кога тој пристигнал во Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
