Во тетовско Желино од заталкан куршум повреден 40-годишник

Од заталкан куршум синоќа бил повреден 40 годишник во тетовско Желино. Како што информираа од тетовската полиција, поради повредата тој побарал и лекарска помош.
– На 25.07.2022 во 21.30 часот во Полициското одделение Групчин, Е.Р.(40) од с.Желино, тетовско, пријавил во дворот од куќата на неговиот брат во селото од залутано зрно од огнено оружје бил повреден на раката. Тој бил пренесен во Клиничка болница Тетово каде му била укажана лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.
На 18 јули годинава беше пријавено дека заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, но немало повредени лица, додека на 13 јули поради истата причина повредена беше 59 годишна жена во Тетово.
Ново на Сител
-

Костадиновски: „Сејф сити“ ни покажа нашиот менталитет може брзо да се прилагодува на правила
-

Кратово се подготвува за прослава на патронот на градот - Свети Ѓорѓи Кратовски
-

Мицкоски - Варнс: Заедничка заложба за натамошно јанкење на односите меѓу Македонија и САД
-

Тепачка во казино во Карпош
-

Четиригодишно дете прегазено во Драчево
-

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка
-

ССМ ќе чека до крајот на февруари договор за зголемување на платите, во март најавува генерален штрајк и протест
-

Од 30 до 200 елени во Галичица благодарение на Репродуктивниот центар
