Во тетовско Сиричино засадени 15.000 садници црн бор
Дел од акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина" во Тетовско се реализираше во месноста Брдце над селото Сиричино, општина Јегуновце каде на околу шест хектари беа засадени околу 15 илјади садници црн бор. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков ја посети месноста над Сиричино каде се одвиваше денешната акција.
- Ова е 17-та по ред акција Ден на дрвото – засади ја својата иднина. Оваа година планираме да засадиме 2,6 милиони садници првенствено околу населените места и градовите каде имаме најголемо загадување. Во Скопје и неговата околина планирани се еден милион садници, Тетово и Кичево со по сто илјади садници, во Битола околу двеста и педесет илјади садници, изјави Цветков.
Се работи, нагласи, за садници постари од три години, а на други шеесет локлации ќе се засадт остатокот од над еден милион садници.
- Оваа акција тртеба да продолжи бидејќи на дрвото му треба најмалку 50 до 60 години да стане шума се со цел да придонесеме за чиста средина. Во изминатите 16 ваквки акции засадени се околу 35 милиони садници, а од нив над 50 отсто се зафатени што е навистина висок процент, имајќи предвид дека се смета дека е добар резултат ако се зафатат 25 до 30 отсто. Тука процентот е навистина задоволителен и изнесува од 50 до 60 отсто од засадените садници досега, според извештајот на Државниот инспекторат за шумарство, потенцира Цветков.
Раководителот на подружницата на јавното претпријатие Македонски шуми Лешница од Тетово Тони Ивановски посочи дека денеска има идеални услови за садење.
- Претходно имавме дожд, а сега сонце со малку ветер. Мислам дека акцијата ќе заврши успешно, изјави Ивановски.
Овогодинешната акција на пошумување и раззеленување се реализира под мотото „Со нови садници до помало загадување" и во неа учествуваа припадници на АРМ, како и ученици и жители од Тетовско кои со автобуси пристигнаа на местото каде се засадуваат нови садници.
Ново на Сител
-
Променливо облачно со магла по котлините
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров