Во Тетово стигна бугарскиот маратонец кој трча од Варна до Драч
Бугарскиот маратонец Красимир Георгиев стигна во Тетово каде вечерва ќе преноќи во рамки на неговиот подвиг да трча од Варна во Бугарија, па да помине низ Северна Македонија и да заврши во Драч во Албанија. Тој веќе десет дена трча дел од целокупната рута долга 1.000 километри.
– Сакам предизвици со различни каузи, а Коридорот 8 е исклучителна кауза. Со европратеникот Андреј Ковачев разговаравме и излезе идеја. Чекаме многу време, а знаеме дека е многу важен овој проект за Балканот. Вака јас повеќе ќе можам да разберам за соседите бидејќи на пример знаеме повеќе за Америка отколку за соседите. Се поддржуваме повеќе години, ние сме пријатели, живееме на Балканот и важно е да може да полесно да се стига до Македонија. Патот до Крива Паланка се прави во моментот но јас сакам да железничка пруга, да има автопат, да може да се лета побргу. Северна Македонија ќе влезе во ЕУ и ни треба да биде подостапна. Повеќе пати сум бил тука, но сакам да научам повеќе за Вас, што ви се емоциите, проблемите, што ве тера напред. Политичарите прават свои напори, а мојот начин е со спорт, кој ги обединува народите и ги мотивара другите, рече Георгиев во Тетово.
Тој во Тетово беше пречекан од раководителот на општинскиот сектор за јавни дејности Ахмед Ќазими и претставници од кабинетот на градоначалничката. Им предаде статуетка која ќе симболизира припадноста на Тетово во акцијата и поврзувањето на 20-те градови долж Коридорот 8.
– Тетово ја има таа среќа да биде не место каде се вкрстуваат коридорите, каде поминува Коридорот 8 и во наша близина е Коридорот 10. Тоа е добра можност каде може да се направат вкрстување на култури, вкрстување на спорт, економија, со заеднички сили може да имаме просперитет целокупниот регион. Ова е значајна иницијатива на трите премиери, се надевам дека со оваа активност ќе се интензивира и побргу да се да се заврши Коридорот 8, автопатите кои не се изградени и желенизница меѓу трите држави. Да има и енергетска поврзаност, а со тоа ќе има економски просперитет. Со културни и спортски спојувања да бидеме дел од една заедничка Европа, рече Ќазими.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп