Во Тетово одбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
Во пресрет на 3-ти Декември - Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, денеска во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово под мотото „Ајде да запееме“ манифестација одржаа локалното Здружение за церебрална парализа во соработка со специјалните паралелки од основните училишта „Лирија“ од Тетово и „Симче Настески“ од Вратница, заедно со децата од Дневниот центар во градот.
- Ова е наша традиционална манифестација што секоја година ја организираме за да го одбележиме Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Во досегашните изданија децата цртаа, изработуваа разни украси, имавме и изложба на нивни фотографии, а годинава се решивме да организираме нивно пеење на микрофон. Целта ни е да се собереме, да се забавуваме и да се дружиме но на овој начин и да испратиме една порака дека овие лица и деца постојат и оти и државните и локалните институции треба да преземат уште повеќе мерки и активности за да им се олесни животот на лицата со посебни потреби, изјави претседателот на Здружението за церебрална парализа од Тетово Зоран Андонов.
Според Андонов, децата и лицата со посебни потреби покажале голема заинтересираност да пеат уште со самата најава за тоа, а денешната атмосфера полна со радост е знак дека организаторите не згрешиле и придонеле оваа категорија граѓани да покажат дека сакаат и умеат да се забавуваат.
Ново на Сител
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации