Во Тетово одбележан Денот на независноста
По повод Денот на независноста, 8 Септември во Тетово беше положено цвеќе пред споменикот на револуцијата. Цвеќе положија и делегации на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово и на општинската организација на СДСМ.
– Во организација на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбележуваме 8 Септември, големиот државен празник. Граѓаните во 1991 година на референдум го дадоа својот глас за своја суверена држава. Осми септември претставува континуитет на борба и остварување на идеалите на револуционерите од Илиденското востание преку Втората светска војна, до ден денес, истакна Александар Велјановски, член на извршниот комитет на партијата.
Од општинската организација на СДСМ посочија дека гордо стојат и им оддаваат почит на сите великани кои се бореа за слобода и независност на нашата татковина, слобода и независност кои денес подеднакво ги заслужуваме сите.
– Доволно беа омрази и насилства, ја градиме нашата нова иднина врз темелите на единството и разбирањето. Го славиме правото на збор, и правото тој збор да биде слушнат. Нека вечно слободно се вее знамето на самостојна и независна Република Северна Македонија. Нека ни е честит празникот 8 Септември, истакнаа од општинската организација на СДСМ.
Ново на Сител
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката

