Македонија
3. August 2015 - 20:40

Во Тетово најкритично - Се излеа реката Пена

Поројни дождови и силни грмотевици денес попладне зафатија делови од пелагонискиот регион и штипско-кочанската област како и во прилепско. Во моментов најкритично е во Тетово. Реката Пена се излеа, а поплави има по улиците и во градот.

Низ социјалните мрежи кружат фотографии од паднати дрвја и поплавени неколку згради.