Во Тетово фатен сторител на тешка кражба половина час по делото
Тетовските полицајци фатиле разбојник половина час по кражбата која ја направил во една од градските обложувалници. Дваесетгодишникот кражбата ја извршил после 15.30 часот во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово.
-Околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот тетовец Л.Х., кој половина час пред тоа во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово насилно одзел парични средства, но, набрзо бил фатен. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок по член 236 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. Дваесетгодишникот ќе биде обвинет за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Ново на Сител
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии
-
Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
-
Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга
-
Возач на автобус прегазил 51-годишник кој управувал со тротинет, па го напуштил местото на настанот
-
Двајца гостиварчани лажно пријавиле дека доживеале сообраќајка