Во текот на ноќта локални обилни врнежи со силен ветер, грмежи и град
– УХМР соопшти дека времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на ноќта нестабилноста ќе се прошири на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.
И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 4.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе биде околу 20, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во сабота и недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето. Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти