Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана, едно лице возело без возачка дозвола и под дејство на алкохол и едно лице возело под дејство на алкохол со активна забрана.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол. Одговорното однесување во сообраќајот е заедничка обврска и клучен предуслов за поголема безбедност на сите граѓани.
Ново на Сител
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Шестмина уапсени под сомнение за тероризам
-

ЕУ подготвува акциски планови за членство за најперспективните кандидати
-

Силјановска: Европскиот процес го губи кредибилитетот
-

Дизелот поевтинува за 4 и пол денари откако Владата ја продолжи одлуката за намалено ДДВ
