Македонија
17. August 2017 - 11:15

Во тек уписот на Универзитетот за информатички науки „Св. Апостол Павле“ Охрид

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид во тек е првиот рок за упис на нови студенти за учебната 2017/2018 година, кој ќе заврши утре во 15 часот. 

- Оваа година бруцошите покажале најголем интерес за студирање на факултетите за Компјутерски науки и инженерство и Информатички системи, визуелизација, мултимедијална и анимациска техника. Има се уште слободни места на петте факултети, распоредени во 10 различни студиски програми, меѓу кои програмите за Компјутерски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; Дигитална бизнис информатика и Е-Влада, Е-Бизнис, Е-Култура, информира Универзитетот „Св. Апостол Павле“. 

Повеќе информации за уписите се објавени на веб-страницата на Охридскиот универзитет: www.uist.edu.mk

Вториот уписен рок ќе биде на 4-ти и 5 септември, а третиот на 14 септември од 8 до 15 часот. 

Ново на Сител