Во тек постапка за отворање детска градинка во делчевското село Разловци

Со поддршка на Општина Делчево и ресорното Министерство, детската градинка „Весели цветови“ од Делчево интензивно работи на проектот за отварање градинка во селото Разловци. За таа цел, како што информираше директорката на градинката Билјана Симовска, обезбедени се просторни услови како и придружни простории во подрачното училиште Општинско основно училиште ,,Св.Климент Охридски“ во Разловци.
– Целта на овој проект е вклучување на секое дете во системот на предучилишно воспитување и образование што треба да биде еднакво достапно и во најодалечените рурални средини каде има дечиња, а нема градинка, како и задржување на младите во руралните средини. На барање на родителите и по направената анализа за издржливост и оправданост на инвестицијата и континуитет во бројот на дечињата, поддршката од ресорното Министерство, како и од градоначалникот Трајковски, ние одлучивме да го работиме овој проект, кој многу ќе значи пред се за самите родители од најголемото делчевско село, рече Симовска.
Додава дека оваа инвестиција е планирано да се реализира со финансиски средства од Министерството за труд и социјална политика, а ќе бидат опфатени од 10 до15 деца во предшколска возраст.
Постапката за отворање клон на детската градинка во најодалеченото село во Делчево, Разловци, е во тек и се очекува најдоцна до почетокот на идната учебна година градинката да почне да функционира.
Ново на Сител
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
