Во тек е вонредната седница на Советот на град Скопје за состојбата со комуналната хигиена
Советниците на град Скопје на денешната вонредна седма седница изгласаа дека има потреба за одржување на вонредна седница, поради случувањата со комуналната хигиена и комуналното претпријатие. Советниците побараа од страна на претседателот на Советот на град-Скопје, Трајко Славевски да ја повика градоначалничката Данела Арсовска и директорката на ЈП за Комунална хигиена да присуствува на седницата и да се дебатира на оваа вонредната седница на која една и единствена точка на оваа вонредна седница е информација за актуелната состојба со комуналната хигиена и предлагање на мерки. Седницата по над 20 минути беше прекината со цел претседателот на Советот, Славевски да контактира со градоначалничката Арсовска и директорката на ЈП Комунална хигиена и да го обезбеди нивното присуство.
Координаторката на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Марија Андоновска на почетокот на седницата истакна дека граѓаните на Скопје се соочуваат и сè уште се соочуваат со проблемите во делот на комуналната хигиена, но поради тоа што нема присуство на градоначалничката на Скопје и на директорката на Комунална хигиена што тие како советници би дебатирале.
-Ве молам претседателе да ја повикате градоначалничката, директорката на Комунална хигиена да бидат во салата не заради овие советници, туку заради граѓаните, вели Андоновска.
Координаторката на советничката група предводена од СДСМ, Љубица Јанчева истакна дека скопјани биле 48 часа затрупани со ѓубре, а исто толку часа имало и молк и од страна на градоначалничката и директорката на Комунална хигиена.
-Нам ни се случи катастрофа, еколошка катастрофа. Градот се чистел, се чисти и три точки. Градот треба да се чисти во континуитет. ЈП „Комунална хигиена имало проблем, но затоа имаме директорка, имаме и градоначалничка, вели Јанчева.
Побара оставка на градоначалничката Арсовска, бидејќи скопјани изминатиот викенд беа затрупани со ѓубре.
-Градоначалнички заминете си, дадете си оставка и ослободете го градот за да не доживееме уште каква било еколошка катастрофа, вели Јанчева.
По паузата советниците се вратија во салата, а градоначалничката Арсовска не присуствуваше на вонредната седница на Советот на град Скопје. Дискусиите продолжија, но повторно направи пауза бидејќи советниците освен што дискутираа за состојбите со комунална хигиена почнаа и политички навреди, во тек е трето продолжување на вонредната седница на Советот на град Скопје.
Ново на Сител
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
