Во тек е пријавувањето за трката „Скопје трча 10КМ“
Пријавувањето за трката „Скопје трча 10КМ“ (Skopje Run 10K) трае до 1 октомври 2019 или до исполнување на предвидениот број учесници. Пријавувањето се реализира електронски преку http://skopje.run/ и https://www.smartrace.club/
Главни покровители на „Skopje Run 10K“ се Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Трката е организирана од Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација и Атлетски клуб Работнички.
Сојузот на спортови на Скопје заедно со Град Скопје одлучија оваа година средствата од хуманитарните цели да ги искористат за засадување дрвца. Една од причините за да се направи тоа и да се „Засади воздух“ во Скопје е поради предизвиците со кои се соочува градот во зимските месеци.
Сите заинтересирани можат да купат dry-fit маица од „Skopje Run 10K“ од која 100 денари ќе бидат одделени за самата акција. Оваа можност трае до 27. септември 2019 година и маиците може да се нарачаат на http://skopje.run/ или https://www.smartrace.club/. Покрај онлајн, самите маици може да се купат и при подигнување на стартните пакети на 4 и 5 октомври во кугланата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да се приложи документ за идентификација при подигање на стартниот пакет.
Трката, која трета година по ред е дел од нашиот главен град, годинава ќе се одржи на 6 октомври во 9 часот пред фонатаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“.
Ново на Сител
-
Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
-
Воз излетал од шините кај Зелениково
-
Лице пријавено како изгубено во Маврово пронајдено во добра состојба
-
Ким Џонг Ун ја повика војската да се подготви за војна
-
Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата
-
Утрово најстудено во Берово
-
Кливленд го има вториот најдобар старт во историјата на НБА
-
Продлжува комисисиската расправа за Предлог - буџетот за 2025 година