Во тек е аплицирање за Чивнинг стипендиите за 2016/2017 година

Талентираните професионалци од разни области, од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од Македонија можат да аплицираат за стипендија во рамки на британската шема за стипендирање спонзорирана од британското Министерство за надворешни работи и Комонвелт.
Чивнинг стипендијата, како што информира Британската амбасада во Скопје, се доделува на талентирани лица кои имаат потенцијал за лидерство. Стипендијата нуди финансиска поддршка за магистерски студии на водечките универзитети во Обединетото Кралство за учебната година од септември 2016 година.
Заинтересираните лица имаат можност за аплицирање до 3 ноември 2015 година.
Во 2015 година се доделени стипендии на девет кандидати од Македонија кои ќе имаат можност да студираат на универзитети во Обединетото Кралство.
Стипендиите се доделуваат за едногодишни магистерски студии на повеќе предмети на водечки британски универзитети.
- За да можете да аплицирате за Чивнинг стипендија треба да сте државјанин на земја за која се отворени Чивнинг стипендиите и да планирате да се вратите назад по завршувањето на студиите, да имате додипломски студии на ниво на „upper second-class honours“ според британската класификација на образование, да сте биле работно ангажирани најмалку две години пред да аплицирате за Чивнинг стипендија, да исполнувате минимум услови за познавање на англиски јазик според критериумите на Чивнинг и да немате пречки за добивање на виза и да добиете неусловена понуда од британски универзитет, се наведува во соопштението од Британската амбасада во Скопје.
Тимот на Чивнинг, како што се додава, би сакал да види апликации од заинтересирани кандидати кои би студирале во областите на јавни политики (јавна администрација, правда и внатрешни работи/одбрана), студии за развој (заедници, образование и одржлив развој), економија (економско управување и управување со јавни финансии), мултикултурализам (различност и еднаквост).
- Заинтересираните кандидати треба да ги прочитаат насоките за аплицирање достапни на интернет и треба да бидат во можност да покажат дека ги исполнуваат критериумите за селекција за Чивнинг пред да поднесат апликација. За повеќе детали за роковите за аплицирање и за приоритетните области на студирање видете на: http://www.chevening.org., се посочува во соопштението од Британската амбасада во Скопје.
Ново на Сител
-

Закон за „граѓанска смрт“ во Русија: Москва им замрзнува имот и конзуларни услуги на емигрантите осудени во отсуство
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница
-

Утре сончево и многу топло со температура до 39 степени
-

Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени
-

Британскиот премиер разгледува можност за јавна истрага за активностите на Џефри Епстин во Велика Британија
-

Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
