Во театарот во Куманово лани одиграни 83 претстави
Кумановскиот театар изминатата година одигра четири премиери со 83 репризи, соопштија одговорните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.
Две премиери од македонската драма се финансирани од Министерството за култура „Физика на тагата“ и „Мојата ти“. Драмата на албански јазик, лани ги изведе претставите „Во морето“ и „Секаде непознати“, со поддршка на Министертсвото за култура како и претставата „Касапи“ копродукциски поддржана од Министерството. Актерите од оваа драма изведоа 22 претстави.
-Театарот со сопствени средства ги подготви и претставите „Јованче и Марика“ и „Мани, мани, мани“. Минатата година продадени се 17.333 билети-изјави, директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Кумановскиот театар измината година гостуваше и на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, „Бела ноќ„ во Скопје, во Виница, Радовиш, Гевгелија и во затворот во Кшање.
Во кумановскиот тетар биле изведени и две претстави од Косово и три од театрите од Македонија.
– Минатата година беа реализирани 16 копродукциски изведби од кои три со кумановската гимназија, две со економското училиште, „Ужалено семејство“ две претстави, „Ајде уште по една за роденденот е изведена три пати и „Драга Јелена Сергеевна“ која е изведена пет пати, информираше Тодоровски.
На фестивалот „Денови на комедија“ гостувале 13 театри од Македонија и соседните држави, со 14 претстави кои ги проследиле 7.694 граѓани.
Ново на Сител
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ
-
На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време
-
Приведен криминалец од Грчец баран со потерница
-
ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот
-
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
-
За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар