Во Тајланд запленети наркотици вредни над 500 милиони долари
Тајландската полиција откри и уапси 15 членови на гангстерска група нарко дилери, кои со воз се обиделе да пренесат 226 килограми синтетички наркотици и осум килограми хероин.
Вреднста на запленетите наркотици, пред да се појават кај продавачите на мало на црниот пазар, би чинеле над 500 милиони долари.
Дрогата потекнува од т.н. „златен триаголник“, од каде низ светот се дистрибуираат најголемите количества наркотици.
Денеска, на прес-конференција полицијата ја покажа запленетата дрога. Сооштено е дека тоа е најголемо количество запленето во една акција во последните три години.
Уапсените се државјани на Малезија, а најголем дел се со кинеско етничко потекло. Дрогата и шверцерите се откриени во три воза кои пренесуваат стока и патници од Бангкок до Куала Лумпур.
Акцијата на тајландската полиција била координирана со антинаркотичките бригади од повеќе држави во регионот. Соработката на полициите од тие држави е зголемена по ланското предупредување од страна на Обединетите Нации дека либерализацијата на патувањето во рамките на АСЕАН крие и опасност за зголемување на можностите за транспорт на наркотици.
Во регионот се регистрирани над седум милиони нарко зависници.
Ново на Сител
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица