Во Тајланд направен заштитен елек од куршуми од природна свила, поефикасен од класичните
Иноваторскиот тим од фабрика за производство на природна свила, која се добива со одгледување на познтатат свилена буба, на јавноста во Тајланд и го претставија заштитниот елек од куршуми, изработен од влакната на кожурките на свилената буба Ваквиот елек е повеќе пати полесен и поефикасен за запирање на куршумите кон телото од „класичните’’ заштитни елеци што ги користат полицијата и армијата.
Пронаоѓачите ја одбрале свилата за основа на заштитата од куршуми поради тоа што овој природен материјал и покрај тенките влакна е неверојатно јак и растеглив. Заштитниот елек, кој задржува удар до 4,8 гигапаслкали и лесно се прилагодува на телото, запрел, или им ја намалил брзината на ударот на куршумите испукани од оружја со калибар 22, па дури и од познатите М-16 автомати.
Пронаоѓачите добиле охрабрувачки оценки од полициските и армиските експерти за квалитетот на елекот. Комплетиран, овој заштитен елек има дебелина од 20 милиметри и тежи 4 килограми.
Природната свила која се добива од бубата која се храни со лисја од дудинка, масовно се произведува во Кина и соседните јужни држави. Во Македонија свилената буба порано се одгледуваше во подрачјето на Гевгелија, а се уште е актуелна во Војводина, Србија и во Славонија, Хрватска.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка