Во судирите со азербејџанските сили загинале 20 војници на Нагорно Карабах

Во судирите со азербејџанските воени сили во изминатите три дена во Нагорно Карабах се убиени 20 припадници на локалната војска на Нагорно Карабах, а ранети уште 72 војници, објави денеска ерменската телевизија повикувајќи се на воени извори, пренесени од британските медиуми.
Министерството за одбрана на Азербејџан претходно денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во борбите во сепаратистичкиот регион Нагорно-Карабах погинале тројца нивни војници.
Нагорно-Карабах е под контрола на локалните сили на етничките Ерменци и ерменската војска уште од завршувањето на војната во 1994 година, која не донесе никакво разрешување на статусот на овој регион.
Борбите повторно се распламтија во текот на изминатиот викенд, при што во саботата на двете страни имаше вкупно 30 загинати борци, како и едно дете.
Азербејџан во неделата прогласи еднострано примирје, но бунтовниците во Нагорно-Карабах тврдат дека нивните позиции, и покрај тоа, биле изложени на напади.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
