Во судирите помеѓу израелската армија и Палестинците загинаа најмалку седум лица
Судирите помеѓу израелската војска и палестинските сили продолжија и денеска, а во изминатите 24 часа истрелани се над 400 ракети врз Израел.
Во нападите загинаа најмалку шест Палестинци, меѓу кои и бремена жена и дете, како и еден Израелец.
Израелскиот одбранбен систем Железна купола пресретна повеќе десетина проектили.
Воздушните напади во знак на одмазда предизвикаа големи експлозии ширум Појасот Газа. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека при израелските напади убиено е 14-годишно бебе, кога бомба погоди куќа во источниот дел на Газа. Во нападот повредена беше и неговата бремена мајка, која подоцна почина во болница.
Тројца Израелци се повредени откако ракета истрелана од Појасот Газа погоди фабрика во градот Ашкелон. Двајца од повредените се во критична состојба.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска издаде наредба за интензивирање на нападите на израелските сили врз екстремистите во Појасот Газа. Тој исто така нареди распоредување на дополнителна тенковска бригада на границата со Појасот Газа и најави одлучен одговор од страна на израелската армија.
– Им наредив утрово на Одбранбените сили на Израел да продолжат со масивните напади врз терористите во Појасот Газа и дадов инструкции силите околу Појасот да бидат зајакнати со тенкови, артилерија и пешадија, истакна Нетанјаху.
Судирите помеѓу израелската армија и палестинските сили продолжија и синоќа, а во изминатите 24 часа истрелани се над 400 ракети врз Израел. Во знак на одмазда израелските авиони нападнаа цели ширум Појасот Газа.
Насилството почна во петокот, кога снајперист од палестинскиот Исламски џихад пукаше врз израелски војници и притоа се ранети двајца. Израелската армија одговори со воздушни напади, при што се убиени двајца милитанти од Хамас, под чија контрола е Појасот Газа. Палестинските власти тврдат дека во петокот се убиени и двајца Палестинци, кои протестирале во близина на границата.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД