Во Струмица се одржа 26. детска манифестација „Цвеќе“

Околу 100 учесници од Македонија денеска учествуваа на 26. манифестација „Цвеќе“, што ја организира Домот за деца и млади „Благој Јанков-Мучето“ од Струмица.
„Цвеќе“ е традиционален настан кој се одвива во три етапи- изложба со слики на тема цвеќе, цртање на асфалт и аранжирање цвеќе. Учесниците денеска цртаа на затворено поради врнежливото време.
- Многу сме задоволни од одѕивот на учесниците на овој настан, кој стана препознатлив за нашата институција. Денеска ја отвораме и изложбата на пристигнатите дела, а својата креативност учениците ја покажаа и со аранжирањето цвеќе. Најдобрите ќе добијат и соодветни награди. За нив одлучува тричлено жири составено од еминентни ликовни уметници, истакна директорката на Домот за деца и млади, Светлана Мазгалоска Вучетиќ.
Годинава, Домот слави 70 години од своето постоење. Според, Вучетиќ овој и Домот за деца и млади „Кочо Рацин“ од Скопје се единствените два останати во Македонија од поранешните пионерски домови каде, како што рече, се негува креативноста, инвентивноста и творештвото на младите.
- Се надевам дека овие преостанати два домови ќе продолжат да постојат и понатаму за да се поттикнува творечкиот дух кај најмладите. Тука се развива уметничкиот аматеризам, но се создава подлогата за понатамошно професионално и стручно усовршување во сите уметности, додаде Вучетиќ.
Ново на Сител
-

Со рент-а-кар шверцувале 10 килограми марихуана сокриена во нутела и павлака на ГП Дојран | ФОТО
-

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Турција
-

„Фејненшл Тајмс“: Драги или Меркел како можни преговарачи на ЕУ со Москва
-

Песков: Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
