Во Струмица одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Лани во Република Македонија 132 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди, а 5.164 лица се повредени, објави Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај по повод одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
Овој ден во Струмица беше одбележан со превентивна активност во централното градско подрачје, на која полициски службеници на учесниците во сообраќајот им делеа флаери и фрешери со апел:„Покажи грижа!“, „Разбуди ја свеста!“, „Вози совесно и одговорно!“.
Полицајците ги потсетија учесниците во сообраќајот дека сообраќајните незгоди не се случајни, туку се предизвикани од невнимателно и неодговорно учество во сообраќајот и притоа им укажуваа да се почитуваат сообраќајните знаци правила и прописи со цел намалување на последиците во сообраќајот.
Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај укажува дека сообраќајните незгоди не се случуваат, туку се предизвикуваат со неодговорно учество во сообраќајот.
Според СЗО, во светот годишно 1.3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени.
-Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно, како последица од сообраќајни незгоди, односно на секои 24 секунди, едно лице, нечие дете, брат, сестра, родител, роднина, пријател…. го губи животот во сообраќајна незгода, стои во објавата на РСБПС.
Денешниот настан го организираа Секторот за внатрешни работи Струмица, преку Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица, во партнерство со Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај.
Ново на Сител
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
