Македонија
20. September 2018 - 21:04

Во Струмица изведена симулација за спасување од земјотрес

Евакуирана општинската зграда во Струмица, три лица се потешко повредени. Еден од е од вработените во општината, а останатите двајца во сообраќајна несреќа која се случи пред самиот објект.На терен интервенираа поржарникарите, црвениот крст, полицијата и итната медицинска помош. За среќа сето ова беше само дел од симулационата вежба во случај на земјотрес. Вежбата имаше за цел да се направи проверка на подготвеноста за време  на елементарна непогода.

,, Цел на обуката, тренингот и вежбата е да се направи проверка на вработените во општинската администрација како и на пожарникарите кои се дел од просторните сили за заштита и спасување на општина Струмица., заедно во соработка со ДЗС, ЦУК, Црвениот крст , брзата помош и СВР Струмица во давање помош на загрозени лица во случај на земјотрес.,, рече АЛЕКСАНДАР ГУДЕВ КОМАНДИР НА ТППЕ СТРУМИЦА

Од црвениот крст  кои на тој начин го одбележаа и светскиот ден на првата помош велат дека освен проврека на подготвеноста,  вежбата има за цел да ја подигне и свеста кај населението за сите можни  елементарни непогоди кои може да се случат.

,, Нашето мото е секој треба да знае да дава прва помош и за тоа не ни треба лиценца. Посебно,  она што сакаме да и го посочиме на заедницата дека барем еден член од нашето семејство треба да биде обучен да знае да дава прва помош, затоа што човечкиот живот е незаменлив, најдрагоцен.,, рече МАРИЈАНА ТОШЕВА СЕКРЕТАР НА ЦРВЕН КРСТ - СТРУМИЦА рече Маријана

Во реализацијата на вежбата покрај црвениот крст и  противпожарната едицина учествуваа и локалната самоуправа, полицијата, итната медицинска помош, дирекцијата за заштита и спасување и центарот за управување со кризи.