Во Старо Нагоричане најмногу гласови за СДСМ
Од вкупниот број гласачи на вчерашните локални избори во Старо Нагоричане, 2.153, кандидатот за градоначалник од СДСМ Жаклина Јовановска доби 955 гласови, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Елена Јаќимовиќ 572, а кандидатот од Народно движење за Македонија (НДМ) Милош Стојмановски 554.
Како што соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Драган Јовановски, неважечки биле 72 ливчиња.
- Во однос на советничките листи, важечки се 2.153 ливчиња, а 84 се неважечки. За советничката листа на НДМ и нејзиниот носител Тони Митровски гласале 276 лица, за носителот од коалицијата „За подобра Македонија“ Игор Душановски 481, за носителот на Левица Петар Диклиќ 89, за коалицијата предводена од СДСМ Јовица Јанчиќ 808, а за група избирачи Саша Алексиќ гласале 415 избирачи, изјави Јовановски.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители