Во стан на осомничен екстремист пронајдени 45 килограми муниција
Во стан во Ротердам, кој се доведува во врска со спречен терористички напад во Франција, се пронајдени околу 45 килограми муниција, соопшти холандското Јавно обвинителство.
Во овој стан, по барање на Франција, на 27 март беше уапсен францускиот државјанин Анис Бахри, кој се наоѓа во холандски притвор се додека властите не одлучат околу неговата екстрадиција во Франција.
Постои сомнеж дека тој планирал напад во Франција во име на Исламска држава, заедно со Ред Крикет, уште еден осомничен, кој е уапсен во близина на Париз, неколку дена пред Бахри.
- Пронајдовме околу 45 килограми муниција, вклучувајќи и два вида на куршуми кои можат да се користат за „калашников“, изјави портпаролот на канцеларијата на холандското обвинителство, Вим де Бруин.
Портпаролот потврди дека во станот не бил пронајден експлозив, ниту оружје.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа