Во стан на гостиварец најдени над еден килограм марихуана
При претрес на стан во Гостивар полицијата пронашла две пакувања во кои имало околу 1,3 килограми марихуана, информираат од СВР Тетово.
Претресот со судски налог бил извршен вчера во станот на Р.М. (57) лоциран на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, а со претресот бил опфатен и неговиот автомобил „Опел зафира“.
- Во една од просториите на станот пронајдени се 1.378 грама марихуана, која била ставена во две пакувања од сок и едно од леден чај. Пронајдената марихуана со која биле наполнети трите пакувања е одземена за вештачење, додека Р.М, во консултација и координација со јавен обвинител, приведен е и задржан во Полициската станица Гостивар, изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
Нешто подоцна, исто така, со судска наредба извршен е претрес и во станот на 25-годишниот гостиварец А.Р, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар.
Под креветот во собата во која спиел пронајдени се две најлонски кесички со марихуана и една во неговата јакна. Тој е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а пронајдената марихуана е одземена за вештачење.
Двајцата гостиварци, во текот на денот со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена